Stellantis отпушта повеќе од 2.500 работници во Италија

Групацијата Stellantis ќе отпушти повеќе од 2.500 работници oд своите погони во Италија…

Мерките доаѓаат откако 400 работници во Соединетите држави беа отпуштени преку видео конференција на ден кога работниците требаше да работат од дома.

Затоа работниците биле испратени на работа од дома, а потоа биле повикани и дале оставки, пишуваат специјализираните портали.

Овие бранови на отпуштања се случуваат во контекст на енергетска и технолошка транзиција, во која компанијата се обидува да го оптимизира своето работење за да остане конкурентна.

Мерките, кои според Stellantis се претежно доброволни и ги засегаат вработените кои се блиску до пензија или кои сакаат да ги искористат новите можности за понатамошна кариера, се дел од пошироката стратегија насочена кон намалување на трошоците и забрзување на транзицијата кон електрични автомобили, според на производителот.

Интересно е што овој нов бран намалувања доаѓа набргу откако италијанската влада ја обвини групата предводена од Карлос Таварес (Carlos Tavares) дека ги привилегира француските интереси.

Италијанската влада сака Stellantis да го зголеми своето годишно производство во Италија на еден милион возила, од 750.000 минатата година.





НАЈНОВИ