Во Русија започна производството на Citroen C5 Aircross од кинески делови

Руската компанија Automotive Technologies потврди дека започнала со производство на Citroen C5 Aircross во својата фабрика во Калуга оваа недела, иако и Citroen и неговата матична компанија Stellantis се повлекоа од земјата во 2022 година…

Возилата се составени од делови од Кина, направени од Dongfeng Motor Group, кинескиот партнер на Stellantis.

„На 27 март започна монтажата на кросоверот Citroen C5 Aircross во фабриката во Калуга“, се вели во соопштението на Automotive Technologies.

„Автомобилите ќе пристигнат во салоните на официјалните дилери на Citroen во мај 2024 година, но ќе може да се резервира автомобилот веќе во април.

Во февруари, Automotive Technologies првпат состави тест серија од 42 возила.

Иако Stellantis технички ја поседува фабриката, компанијата забележува дека нема никаква врска со овие комплети од Кина и вели дека „ја изгубила контролата врз своите субјекти во Русија“.

Citroen е една од многуте западни компании кои престанаа да работат во Русија по почетокот на војната во Украина.

Москва оттогаш почна да користи „паралелен увоз“ за да го заобиколи западното ембарго, потпирајќи се во голема мера на кинеската помош.

Трговските податоци покажуваат дека извозот од Кина во Русија се зголемил речиси седум пати меѓу 2022 и 2023 година.

 





НАЈНОВИ