Теslа бара локација за фабрика на поевтини електрични автомобили

Tesla Motors ќе испрати тим овој месец во извиднички локации во Индија за изградба на нова фабрика за електрични автомобили вредна две до три милијарди долари, пишува Financial Times, повикувајќи се на извори директно запознаени со плановите на компанијата…

Потегот на Tesla да произведува возила во Индија доаѓа откако минатиот месец Њу Делхи ги намали тарифите за поскапи увезени електрични возила за оние фирми кои се обврзаа да ги произведуваат во земјата во рок од три години, рече FТ (Financial Time’s), додавајќи дека „намалувањето на царините беше отстапка што Тесла бараше како предуслов за инвестирање“.

Всушност, премиерот Нарендра Моди го турна основачот на Теslа, Илон Маск (Elon Musk), да инвестира во Индија по нивниот состанок за време на посетата на премиерот на Вашингтон минатата година. Маск тогаш изјави дека производителот на електрични автомобили „ќе биде во Индија…што е можно поскоро“.

Се очекува дека фабриката на Теslа би можела да достигне производство од дури 500.000 автомобили годишно со полн капацитет, а подоцна „би можеле да размислиме и за изградба на фабрика за батерии.

Моди одвои владини субвенции во вредност од милијарди долари за да го поттикне производството, вклучително и во критичните индустрии како електричните возила, каде што гео -политичкиот ривал Кина веќе има голема предност.

Цена под 30.000 долари

Теslа размислува за производство на помал автомобил од сегашните модели, кој би чинел помалку од 30.000 долари. Таков модел може да се продава во Индија и да се извезува во Југоисточна Азија, Заливот, Африка и Јужна и Источна Европа.

Инаку, пишува FT, Tesla развива поевтино возило кое би било пуштено во продажба на крајот на следната година, но се уште не е јасно каде ќе се произведува, „Model 2“ на Tesla.

„Потенцијалното проширување на глобалната фабричка мрежа на Tesla доаѓа и поради забавувањето на растот на глобалната продажба на електрични возила.

Групацијата гради фабрика во Мексико, која се очекува да биде ставена во функција во 2026 година“, објаснуваат од FТ.

Кога станува збор за плановите на Tesla во Индија, со инвестиции до три милијарди долари, се очекува и добавувачите да инвестираат милијарди долари, пишува FT, што би ја направило најголемата странска инвестиција во Индија.

Најголемиот конкурент на Tesla, кинескиот BYD, минатата година поднесе барање за изградба на фабрика во Индија во партнерство со индиската компанија Megha Engineering, но проектот досега не доби одобрение од Њу Делхи.

 





НАЈНОВИ