YouTube–er претвори Mitsubishi Pajero во Mercedes-AMG G63 користејќи дрво

Mercedes-AMG G63 е фантастичен и скап автомобил кој е надвор од буџетот на повеќето луѓе, но еден талентиран „Јутјубер“ го оствари својот сон и изгради веродостојна реплика од дрво…

Станува збор за „јутјубер“ од каналот ND – Woodworking Art, кој за своите синови и ќерки направи серија дрвени креации и на тој начин ги воодушеви со својата импресивна вештина.

До пред неколку години правеше мали дрвени макети, но подоцна се префрли на поголеми реплики наменети за деца.

Минатата година тој потроши 100 дена градејќи ја својата верзија на Теslа Cybertruck, но репликата G 63 е неговата нај амбициозна и нај импресивна креација до сега.

Тој зел стар Mitsubishi Pajero како основа за својата G-Class целосно го расклопи до шасијата, а потоа рачно состави и завари нова челична рамка со иста форма на „кутија“  и пропорции како оригиналот.

Шасијата и рамката ги обои во црна боја, по што започна долгиот процес на склопување на рачно изработените дрвени панели на каросеријата.

Засега не е познато каков вид дрво користел, но секако е многу потежок од оригиналните панели од G – Class. „Јутјуберот“ користел и дрво за изработка на ентериерот. Ова ги вклучува панелите на вратите, контролната табла и отворите за воздух, меѓу другото, што е „совршена“ копија на оригиналот. Постои дури и поголема централна конзола направена од дрво.

Целата електроника е функционална, вклучувајќи ги и предните и задните светла и трепкачите кои тој ги направил „од нула“.





НАЈНОВИ