Почетна Актуелно Теslа во конф...

Теslа во конфликт со лизинг компаниите

318

Теslа работи на смирување на некои европски компании за лизинг откако намалувањето на малопродажните цени на возилата на Tesla ја намали вредноста на нивните возни паркови…

Напорите на Теslа вклучуваат неофицијални попусти за купување нови автомобили доколку се на залиха и решавање на широко распространети поплаки за сервисирање, поправки и нарачки, по години во кои менаџерите на возниот парк и лизинг компаниите предупредуваа дека Теslа ги игнорира проблемите, објави Reuters.

Теslа ги намали малопродажните цени за да ја зголеми продажбата како одговор на послабата глобална побарувачка за електрични возила и зголемената конкуренција, особено од кинеските производители на електрични возила, како што е BYD.

Сепак, ова им наштети на конечните финални финансиски резултати на нејзините најголеми клиенти во Европа.

Лизинг-компаниите купуваат нови автомобили и преговараат за лизинг пресметан според тоа за колку тие веруваат дека можат да ги продадат на крајот на лизингот. Ненадејните падови на цените ја поткопуваат таа резидуална вредност.

Нема „ништо полошо“ од тоа што вредноста на средствата на купувачот на флота постојано паѓа, рече Ричард Кнубен (Richard Knubben), извршен директор на групацијата на Leaseurope.