Toyota претпазлива со електричните автомобили

Минатата година Toyota заработи повеќе од кога било, што засега го потврдува успехот на политиката на туркање (давање предност) на хибриди и бавната транзиција кон електричните автомобили…

На крајот на фискалната 2023 година, Toyota Group уште еднаш го потврди својот статус на најголем производител на автомобили во светот со продажба над 11 милиони возила ширум светот. Тој резултат е за 7,2 отсто поголем од претходната година.

Со оглед на тоа што фискалната година заврши во Јапонија, потврдено е дека оваа компанија која во својата палета го има и Lexus повторно ги сруши рекордите на профит. Имено, станува збор за цифра од околу 30 милијарди евра добивка.

Во сето ова, продажбата на електрични возила немаше речиси никаков придонес, бидејќи Toyota нема толку многу од нив во својата понуда. Поточно, на европскиот пазар моментално се нуди само еден модел – bZ4X, а неговата продажба во Европа заврши минатата година со 16.745 регистрации според податоците на Jato Dynamic.

Од речиси 820.000 испораки на Toyota во 2023 година на европскиот пазар, единствениот електричен автомобил заврши со само два отсто удел. Во исто време, во глобалната продажба на Toyota, исклучиво електричните автомобили имаат удел од само еден процент.

Можеби тоа е причината што Toyota не сака да ја прифати транзицијата кон електрични автомобили исто одлучно и од срце како другите производители, па јапонскиот производител со години им пркоси на трендовите.

Toyota едноставно со години вели дека светот не е подготвен за целосно електричен автомобил како основно решение за мобилност, особено што една милијарда од светската популација нема струја.

Претседателот на најголемиот производител на автомобили во светот, Акио Тојода (Akio Toyoda), се залага за правилото 1:6:90. Тоа покажува дека суровините потребни за батеријата на еден електричен автомобил може да се користат за шест plug-in хибриди и 90 обични хибриди.

Тоа е реалност која очигледно влијае на трошоците и профитните маржи на производителите.

Друг став што го прави многу јасен пристапот на Toyota кон електричните автомобили е оној што го дели извршниот директор на Toyota Северна Америка, Тед Огава (Ted Ogawa).

Шефот на една јапонска компанија предизвика контроверзии велејќи дека повеќе би сакал да плати казни за емисиите отколку да инвестира во електрични автомобили.

И која е поентата на крајот? Електрични автомобили – да, но со претпазливост, според Toyota, која е јасна во својата стратегија дека мора да продолжи да ја фокусира својата понуда пред се на хибридите.

Без разлика на критиките, Toyota посветено се прилагодува на барањата на пазарот, кој, сепак, очигледно се движи во насока на електричните автомобили. Гледајќи напред, марката планира да лансира нова генерација електрични возила почнувајќи од 2027 година и да инвестира во цврсти батерии.

Прашањето на сите прашања е дали Toyota си копа свој „гроб“ со тоа што свесно заостанува зад своите конкуренти или мудро се подготвува за совршениот момент да успее во транзицијата кон електрични автомобили? Нема прецизен одговор, бидејќи времето ќе ја покаже исправноста на овој пристап.

Но, барем едно е сигурно во случајот со Toyota. Кога сериозно ќе се соочи со процесот, тоа ќе го направи со полни џебови и ќе може лесно и брзо да се прилагоди на пазарот.

 





НАЈНОВИ