Во март е забележан голем пад на продажбата на електрични автомобили во ЕУ

Регистрациите на нови автомобили во ЕУ паднале за 5,2 отсто во претходниот месец  (март)  годинава, во однос на истиот месец минатата 2023 година, со испорачани 1.031.875 примероци…

Продажбата на електрични возила е намалена за 11,3 отсто (продадени се 134.397 единици), додека уште потешко е погодена продажбата на возила со со погонски единици што се придвижувани од фосилните горива (бензин и дизел).

Со ова уделот на електричните автомобили на вкупниот пазар изнесува 13 отсто, што е помалку од 13,9 отсто, односно од нивниот удел што беше регистриран во март минатата 2023 година.

Учеството на автомобилите на бензин во мартовската продажба е 35,4 отсто (минатиот март тој удел изнесувал 37,4 отсто), додека продажбата на дизел сочинува 12,4 отсто (минатиот март уделот бил 14,4 отсто) од вкупните нови регистрации на пазарите ширум Европа.

Од друга страна, регистрациите на возилата со хибриден погонски склоп се зголемија за 12,6 отсто, зголемувајќи го нивниот удел на пазарот од 24,4 отсто во март минатата 2023 година на 29 отсто во март оваа 2024 година.

Конечно, Plug-in хибридите  погонски склопови (PHEV) имаа 6,5 отсто помала продажба во март годинава и нивниот пазарен удел е 7,1 отсто.





НАЈНОВИ