Volkswagen ID.1 пристига во 2027 година

Volkswagen работи на развој на електричен хечбек ID.1 што би ребало да се продава по цена од околу 20.000 евра, кој треба да стигне на пазарот на крајот на 2027 година, како дел од обновените напори на автомобилските компании да произведуваат електрични модели со пристапни цени…

Новиот EV ќе служи и како духовен наследник на градскиот автомобил e-Up и треба да понуди слична комбинација на компактно пакување и основна технологија. Исто така, некои медиуми претходно сугерираа дека тој може да биде именуван како Up.

Шефот за технички развој Каи Груниќ ( Kai Grünitz ) навести дека ќе биде очигледен наследник на успешниот градски автомобил во неговата концепција и дека неизбежно ќе дели некои атрибути.

„ID 1“ ќе биде блиску до Up во однос на полезноста на тој автомобил“, вели Груниц. „Тоа ќе биде автомобил кој одговара на дизајнерската ДНК и функционалната ДНК на брендот Volkswagen “.

Тој не го потврди враќањето на името Up, но Volkswagen им дава голема вредност на своите најдолги и најуспешни имиња. Golf, Passat и Tiguan треба да се задржат и во ерата на електрични возила, со сугестија дека стратегијата за нумеричко именување на брендот за EV ID може да се повлече.

Шефот на компанијата Томас Шефер (Thomas Schäfer) додава. „Работното име е ID.1 и возилото е планирано за 2027 година. Сега сме во средината на сето тоа. Знаеме како треба да изгледа автомобилот“.

ID.1 ќе се натпреварува со четвртата генерација на Renault Twingo, кој треба да се појави во 2026 година како електричен хечбек, со проектирана цена слична на VW ID.1.

Volkswagen допрва треба да го финализира индустрискиот план за својот нов електричен модел на почетната класа. „Ова е исклучително предизвикувачки“, рече Шефер. Трошоците за развој и производство може да се амортизираат и преку други марки на групацијата Volkswagen, вклучувајќи ги Škodа и Seat/Cupra, рече Шефер, додавајќи: „Ќе донесеме одлука на краток рок“.

Како и да е, ID.1 ќе биде во опсегот под идната сериска верзија на моделот ID.2, кој VW има намера да го продавт по цена од околу 25.000 евра.

 

Според тоа, ID.1 ќе биде возило фокусирано на градот, па опсегот ќе биде помал проблем од многу електрични возила, што ќе му овозможи да има релативно мала батерија. Се очекува опсег од околу 200 милји (околу 320 км).

Развојот на батериите е клучен за намалување на цената на автомобилите, при што групацијата Volkswagen става голем акцент на развојот на унифицирана технологија за ќелии на батерии што може да се примени кај сите нејзини брендови и потенцијално да ги намали трошоците до 50%.





НАЈНОВИ