Volvo ќе го издаде првиот пасош во светот за батерии за електрични возила

Volvo Cars го лансира првиот пасош за батерии за електрични возила што го евидентира потеклото на суровините, компонентите, рециклираната содржина и јаглеродниот отпечаток за својот водечки SUV EX90, објави производителот на автомобили за Реутерс….

Пасошот е развиен од Volvo, кој е во сопственост на кинеската Geely, во партнерство со британската стартап компанија Circulor, која користи блокчејн технологија за мапирање на синџирите на снабдување за компаниите, а за развој беа потребни повеќе од пет години.

Пасошите за батерии ќе бидат задолжителни за електричните возила (ЕV) што се продаваат во Европската унија од февруари 2027 година и ќе го покажуваат составот на батериите, вклучувајќи го потеклото на клучните материјали, нивниот јаглероден отпечаток и рециклирана содржина.

Шефот за глобална одржливост на Volvo, Ванеса Бутани (Vanessa Butani), изјави за Reuters дека воведувањето на пасошот речиси три години пред да стапат на сила регулативите има за цел Volvo да биде транспарентен со купувачите на автомобили, бидејќи производителот на автомобили има за цел да произведува само електрични автомобили до 2030 година.

„За нас е навистина важно да бидеме пионери и лидери“, рече Бутани.

EX90 штотуку започна со производство во фабриката на Volvo во Чарлстон, Јужна Каролина (првиот примерок е во Denim Blue боја), а од втората половина на годината ќе биде доставен до клиентите во Европа и Северна Америка.

Сопствениците на Volvo можат да пристапат до поедноставена верзија на пасошот користејќи го QR-кодот од внатрешната страна на возачката врата.

Бутани наведува дека пасошот постепено ќе се воведува во сите модели на Volvo EV.

Целосната верзија на пасошот ќе биде проследена до регулаторите.

Исто така, ќе вклучува ажурирани информации за здравјето на батеријата – од витално значење за проценка на вредноста на користените ЕV – во текот на 15 години и ќе го чини Volvo околу 10 долари по автомобил.

Системот на Circulor ги следи материјалите од батериите од рудниците до индивидуалните автомобили, ги поврзува производните системи на добавувачите за следење на материјалите низ синџирот на снабдување и ги проверува месечните сметки за енергија на добавувачите – и колку од нивната енергија доаѓа од обновливи извори за да се пресмета нивниот вкупен јаглероден отпечаток.

Пасошот бараше и промени во начинот на кој Volvo ги следи деловите низ неговиот производствен процес за да го разбере потеклото на секој дел во секое возило.





НАЈНОВИ