Електричен Aion Hyper SSR

Aion е бренд на електрични возила во рамките на кинеската компанија GAC, која во својата палета го има и електричниот хипер автомобил Aion Hyper SSR („Super Sport Race “)…

Автомобилот веќе извесно време е познат во Кина, додека сега првпат и беше прикажан на европската публика, поточно во Милано.

Hyper SSR е долг 4538 mm, широк 1988 mm и висок 1238 mm, има каросерија од јаглеродни влакна, кабина со две седишта, правоаголен волан, како и медиумски систем со екран од 14,6 инчи и 8,9-инчен дигитална инструмент табла.

Автомобилот има три електромотори со вкупнa моќност од 900 kW/1224 КС и 1230 Nm максимален вртежен момент, при што основната верзија забрзува од 0  до 100 km/h за 2,3 секунди.

Во понудата ќе има и верзија која достигнува од 0 до 100 km/h за само 1,9 секунди.

Во зависност од верзијата, опсегот со едно полнење на батериите ао капацитет на моќност од  од 75 kWh според фабричките тврдења е до 506 km (според кинескиот CLTC стандард).

Hyper SSR ќе биде достапен во Кина по цени од 1.286.000 до 1.686.000 кинески јуани, односно преведено во банкноти од Стариот континент од 166.835 до 218.730 евра.

 

 

Претходна
Следна




НАЈНОВИ