Ништо од пик-ап моделот на Volkswagen за северно – американскиот пазар

Volkswagen официјално потврди дека сите планови што ги имаше да воведе пик-ап на северноамериканскиот пазар се официјално откажани…

Веста дојде на автосалонот во Чикаго, кога Пабло ди Си, извршен директор на групацијата Volkswagen во Америка, изјави за Motor Trend дека пик-апот „повеќе не е во плановите“.

За жал, тој не ги објави причините за ваквата одлука.

Инаку, Volkswagen го покажа концептот Tanoak (на сликата) на саемот за автомобили во Њујорк во 2018 година, но ништо не излезе од тоа.





НАЈНОВИ