Volkswagen не се откажува од својот електричен ретро комби-модел, туку планира темелна трансформација. Извршниот директор на компанијата, Томас Шефер,...
Smart се враќа на своите корени. На Салонот за автомобили во Париз беше претставен новиот електричен двосед Smart #2, кој претставува директен наследн...
Радикалната трансформација на Jaguar предизвика бројни критики во јавноста, но британскиот производител тврди дека првите резултати покажуваат дека бр...
Тесла повторно го најавува долгоочекуваниот Roadster. Иако поминаа речиси девет години од моментот кога Илон Маск ја претстави втората генерација на о...
Volkswagen не се откажува од својот електричен ретро комби-модел, туку планира темелна трансформација. Извршниот директор на компанијата, Томас Шефер, на Салонот за автомобили во Париз потврди дека трендовскиот ID. Buzz во иднина ќе добие сосема нов наследник кој ќе донесе понапредна технологија и, што е најважно, битно пониска цена.
Нова SSP платформа за попристапна цена
И покрај тоа што актуелниот ID. Buzz има силен карактер и препознатлив дизајн, тоа сè уште не се преточи во очекуваните продажни резултати. Шефер отворено призна дека високата цена ја отежнува продажбата во поголеми количини, поради што следниот модел мора да биде значајно попристапен за да привлече поширок круг купувачи.
Втората генерација ќе ја користи новата SSP (Scalable Systems Platform) архитектура развиена з...